1018 hPa
77 %
13 °C
Скопје - Сре, 20.05.2026 23:59
Врз нашата почва се насели Хаосот -
таа разнебитена дисхармонична музика,
предзнак на секое разорно уништување.
И веднаш потем би родена тивката тага,
чија смртоносност нѐ извлече од домовите,
вовлекувајќи нѐ во битката меѓу боговите.
По овој почетен, безуспешен Рагнарок,
од утерусот на древната планета истапи
заедничката свест на една војска инсекти,
кои горделиво жонглираа со нашите глави.
Сепак, изгребаните шепи на песот Антистен
дрско и пргаво ја згазнаа тиранијата на овие
две илјади шестотини и четириесет бубачки,
заменувајќи си ја горчината со сила, со волја,
за уште една обиколка околу нашата почва.