Везени детали од цртани филмови

08.12.23 16:56

Со конец и игла, уметникот Питер Фредериксен ѝ пркоси на конвенцијата и со својот автентичен стил ги проширува можностите на везот како уметничка форма. Тој го пронаоѓа својот пат до везот додека студира сликарство и цртање на Факултетот во склоп на уметничкиот институт во Чикаго. Неговата актуелна практика вклучува везови со машински везови инспирирани од повоените цртани филмови на Warner Brothers.

Питер Фредериксен внимателно одбира слики од старите цртани филмови, ги уредува и користи парчиња од нив за да создаде привлечен наратив. Неговата уметност навлегува и во насилните моменти во цртаните филмови, доловувајќи ножеви кои ги пробиваат вратите, поздрави со нејасни намери и раце кои се згрчуваат додека свират на пијано. Фредериксен го истражува човечкото искуство на страв и неуспех.

„Користејќи познати слики, сакам да ги испитувам стравот, паниката, токсичната машкост, анксиозноста, исчекувањето и хуморот, сето тоа низ објективот на препознатливиот визуелен јазик на цртаните филмови на Луни Тунс“, објаснува тој.

Делата на Фредериксен се изложувани на национално и на меѓународно ниво, со неодамнешни изложби во Њујорк, Лондон и Берлин.

Сите сомнежи се потврдија...

Анксиозност за време на перформанс

Поставеност за неуспех

Треперења на неодлучноста

Без преоптеретувања

Не, Не, Не, Не

Фалсификувана патека

Некое време надвор

Недостаток на чисти намери

Некои врати нема да издржат

Нема да издржат вечно

Мала моментална врзаност

Стапицата е поставена

Со секој замав сѐ поблиску

Приспособување на сопствениот поглед

Менување на правилата

Со надеж дека магијата не се изгубила...

Извор: https://www.booooooom.com/

ОкоБоли главаВицФото