1010 hPa
88 %

14 °C
Скопје - Чет, 24.04.2025 07:59
Мицкоски со својата изјава дека поседува информации за делото, а не постапува како одговорен граѓанин и лидер на политичка партија, не само што прекршува закон со прикривање информации, туку и манипулира со јавноста, ги злоупотребува пред сѐ жртвите и нивните семејства и ги прекршува сите морални и етички вредности што треба да ги поседува еден човек.
Не престануваат реакциите на јавноста и на стручните личности за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека имал „озбилни информации и докази“, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјата.
„Во секој случај мислам дека сите информации кои ги има, ако воопшто ги има час поскоро треба да ги сподели заради задоволување на правдата, како за жртвите така и за обвинетите. Доколку не го направи тоа, треба да е целосно свесен дека на најлош можен начин манипулира со жртвите и нивните семејства“, вели д-р Ана Чупеска, професорка на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Чупеска нагласува дека Мицкоски со оваа негова изјава дека поседува информации за делото, а не постапува како одговорен граѓанин и лидер на политичка партија, не само што прекршува закон со прикривање информации, туку и манипулира со јавноста, ги злоупотребува пред сѐ жртвите и нивните семејства и ги прекршува сите морални и етички вредности што треба да ги поседува еден човек.
„Наместо да манипулира, за Мицкоски ќе биде подобро да раскаже во кратки црти за што разговараа и договараа на неколкуте средби кои ги имаа со Палчо и за каква заедничка платформа правеа договараа“, вели д-р Ана Чупеска, професорка на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На оваа изјава на Мицкоски реагираа и претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски кој го повика претседателот на ВМРО ДПМНЕ да ги достави доказите за коишто тврди дека ги има за двојното убиство на 14 - годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
„Што се однесува на коментарите на лидерот на опозицијата, тој во многу случаи се има поставено како истражител и како обвинител итн., нема да навлегувам во тоа со што сака да се бави. Меѓутоа, прикривање на докази, за коишто вели дека ги има, е исто така кривично дело и затоа доколку има докази треба сите да ги достави до Министерството за внатрешни работи или до Обвинителството, бидејќи се работи за еден навистина грозоморен чин, којшто е направен од нелуѓе и коишто треба да бидат изведени пред лицето на правдата и согласно законите да бидат најстрого казнети“, рече Ковачевски.
Да не се злоупотребува и политизира двојното убиство, порача и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Ако Мицкоски има докази веднаш да ги достави на истражните органи. Изјавите кои ги дава лидерот на опозицијата се најдолен вид на политиканство кои ги преземаат екстремно десничарските кругови и со кои уште еднаш ги убиваат жртвите“, оцени Спасовски.
Извор: https://racin.mk/