1013 hPa
83 %
19 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 06:59
Извонредната ретроспектива на чудесните парчиња облека на Ирис ван Херпен во Музејот на применети уметности во Париз, насловена „Обликувајќи ги сетилата” (Sculpting the Senses) е прослава на револуционерниот придонес на холандската модна дизајнерка, со акцент на нејзиниот специфичен сензибилитет со кој во модниот дизајн ги вметнува уметноста и науката.
Ван Херпен го основаше својот истоимен бренд во 2007 година и оттогаш создаде огромен опус кој ја доловува убавината на природниот свет. Необичното здолниште „Пајаков корсет”, дел од колекцијата „Мета морфизам”, на пример, има скулптурална форма и крилести елементи.
Другите модели се обликувани на сличен начин, како оние од колекцијата „Хипноза“, каде што се претставени сферични здолништа и дезени што се нишаат со хипнотизирачки движења.
„Динамична тензичност, флуидност, деликатност и комплексност, проткаени со поезија и филозофија: ова се главните елементи во дијалогот што Ван Херпен го воспоставува помеѓу телото и облеката, што и овозможува да долови една нова, богата, ентузијастичка перспектива на светот што доаѓа“, пишува кустосот на изложбата, Клое Питио.
Покрај дизајните на ван Херпен, изложбата вклучува и дела од уметници како Кејси Куран, Роган Браун и Џанаина Мело Ландини, кои ја инспирирале и соработувале со дизајнерката низ годините.
Извор: https://www.thisiscolossal.com/