1018 hPa
76 %
7 °C
Скопје - Пон, 08.12.2025 03:59
Танцува таа бавно
покрај Месечевата река
со самурајот
кој своето минато
треба да го спаси.
Етерот паѓа
во благословен делириум,
штом таа ќе ја изведе
својата пируета
која ја вежбала
уште додека била
во матката на нејзината родилка.
Ја вметнува
со леснотија
совршената тишина
помеѓу двата ѕида од врева.
Татне театарската сала
од нејзиниот траорен монолог
за толчникот од цвет зимзелен,
кој никогаш ниту една пчела
безобразно не ќе го вознемири.
Улицата е посеана
со зрна сусам
и со костени
е поросена.
Музиката од нејзините чекори
ни станува сѐ понечујна.