Новото свето тројство: лихварница, казино, аптека

14.12.2023 12:13
Новото свето тројство: лихварница, казино, аптека

Од кога заладе точакот го заменив со ногобус и имам повеќе време да гледам по излози и дуќани. Наместо да видам накитен град и излози со дедо мраз, елени, лампиони, црвени кутии со панделки и елки, сконтав дека - ај што нема нова година - нема веќе ни маалски дуќани, онакви дуќанчинња за шрафови, кинески глупости, гифт шопови повторно пуни кинески глупости, бутикчиња со шверц роба од турска и трета смена од штипските конфекции.... На нивно место има казина, некакви брзи пари како легални лихварници, инстант кредити, миљарда аптеки и слично. Она што ми падна во очи е дека покрај лихварниците сега има сè повеќе и заложни куќи кај што луѓето оставаат сè и сешто за да земат некој динар.

У ствари, државата е базирана на некакво нови свето тројство: лихварница, казино, аптека. Ова го разбирам како поле на кое идеш се задужуеш па идеш у коцкарница и ги губиш парите после идеш у аптека зимаш дијазепам апаурин што ли, и на крај идеш у заложна куќа оставаш што имаш за да вратиш камата на лихварите....

Кај идеме не знам, али голема е веројатноста да го откриеме патот кој води у П. Материну и во други полни органи.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото