Светот како фантом и матрица

18.02.2011 12:27
Светот како фантом и матрица

Кога на масовниот човек светот му се испорачува во форма на тоталитет од шаблони, на местото на светот доаѓа тоталитетот на претстави, но кој е „негов“ зашто му се врежува. „Нека мојата претстава вам ви биде свет“, зборува волјата на оној што произведува матрици. Така зборуваше Хитлер.

Гинтер Андерс, „Светот како фантом и матрица“

 

Постојат многу сличности меѓу фашизмот и груевизмот и за тоа сум пишувал, изминативе години, најмалку во десетина текстови. Но, постојат многу сличности и помеѓу груевизмот и современите „меки“ тоталитарни техники чија основа уште еднаш е пропагандата. Да се потсетиме на Бенјамин кој велеше дека фашизмот е идеологија која го естетизира политичкото, додека сталинизмот е идеологија која го политизира естетското. Се чини дека новиот тоталитаризам на глобалниот дух ги обединува матриците на сталинизмот и фашизмот во надмоќта на економското, во прогласувањето на пазарот за единствена реалност. Притоа уште еднаш се покажува дека одлучувачка е моќта на „создавањето матрици“, моќта „мојата претстава да биде вашиот свет“.

Меѓу другото, и затоа на груевизмот му е толку важен лудачкиот проект „Скопје 2014“, квинтесенцијата на целокупната поместена (од зглобовите на реалноста) преродба. Во тој проект се обединуваат естетизацијата на политичкото (груевизмот всушност самозаљубено се проектира себеси во дваесетметарските неокласицистички споменици и во „безвремените“ антички столбови) и политизацијата на естетското (главно подобните уметници добиваат пари од државата; најнов случај: на биеналото во Венеција патуваат апологетите на груевизмот, скулпторот Жарко Башевски и сликарот Ацо Станковски под формата на својата одамна изгасната група „Зеро“; и обратен случај кој ја покажува тоталитарната природа на режимот: после седумнаесет години излегување Министерството за култура го укина од списокот на дотирани списанието „Маргина“, претпоставувам поради минатогодишниот број во кој критички се пишуваше против проектот „Скопје 2014“).

Значи, токму поради важноста на економската независност во современиот свет, операцијата на режимот против независните медиуми во прв ред е базирана на економскиот притисок. Така што, заедно со естетизацијата на политичкото и политизацијата на естетското едновремено оди и обидот економски да се подвласти целокупното општество, да се контролираат сите текови на парите и да се оневозможи автономијата дури и по општествените ќошиња (Винстон Смит во романот „1984“ во својот стан целосно контролиран од камерите, сепак пронајде едно ќоше надвор од опфатот, кајшто се обидуваше да си ги среди мислите; колумнава, весникот што го читате, списанието Маргина, А1 ТВ итн. - се токму тие преостанати ќошиња на слободата, онаа слобода која, барем во мојот случај, не го вклучува моментот на рентабилност, не е подложна на прагматични барања или економски уцени).

Уште еднаш подвлекувам: груевизмот со своите тоталитарни тенденции не е сосема анахрон. Отстранувањето на огледалата не е само македонски феномен. Нудењето спектакли, споменици и колосални идентитети наместо огледала е раширен спорт. Нудењето анестетика наместо естетика е планетарен феномен што ги обединува ноторните деспотии и софистицираните медиумски контролирани општества. Груевизмот е паланечки микс меѓу ориентална сатрапија и мала медиумска империја (ала Берлускони или Ѕинго). Мал вештачки град, свет, космос, нашиот автентичен „Труман шоу“.

Престојот во тој халуцинантен медиумски космос, во општество целото стуткано во светкава стаклена снежна кугла, подразбира безвременост, т.е. трајна сегашност. Затоа природата на повеќето жители на нашиот медиумски простор е - марионетска. Затоа главните актери на груевизмот, како да се кукли во нечија инсценација, се „битија со својства на актуелитетот, а не на интегритетот“. Како што добро забележува новинарот Виктор Иванчиќ, нивниот морален, интелектуален и политички рефлекс секогаш над сè е актуелен, „трајно моментен“, лишен од баластот на непосредното минато и неоптоварен од иднината. „Тоа значи дека тие се оспособени да конвертираат дури и на дневна основа, па и почесто, со леснотија со која средношколците и’ се препуштаат на онанијата.“

Во тој свет не постојат вредностите од типот одговорност, слобода, рамноправност, право, правда... Всушност, постојат, но во стаклената снежна кугла во рацете на илузионистот. Постојат како што во рацете на тригодишни деца постојат пластичните лопатки, тенџерчињата и инјекциите. Погрубо, пореалистички кажано: во груевистичката „правна држава“ правото им припаѓа на партијата и тајфите околу неа. И колку системот е помалку ефикасен толку повеќе се потпира врз медиумските инсценации на своето дејствување. Како што вели Иванчиќ, медиумите не само што ја разубавуваат сликата на владеачкиот систем, туку на одредени места целосно го заменуваат.

После речиси пет години дивеење на политичко-маркетиншките илузионисти, ни останува, можеби како лекција пред будење, воочи, се надеваме, предвремените парламентарни избори, да го повториме она што Морфеус му го вели на Нео, во филмот „Матрикс“, покажувајќи му го уништениот градски пејсаж: „Добредојдовте во пустината на реалното!“

Извор: Глобус, 15.02.11.

слики: Daniel Baltzer

Се најаде?

Се најаде?

среќен си сега?

среќен си сега?

тоалет папир имаш?

тоалет папир имаш?

се избриша или уште имаш?

се избриша или уште имаш?

Излуфтирај смрди окново.

Излуфтирај смрди окново.

Auuu... uste smrdi.

Auuu... uste smrdi.

слабо коментари нешто.

слабо коментари нешто. изгледа не им платиле у вмро или отпуштиле доста од штапскиве штакори како технолошки вишак. што е оваа двајца без тројца останале. тоа ти е, паѓа влада, нема веќе пари. гвујо ги списка на платени коментатори, по латаси, миленковци, по реклами, билборди, кич споменици. изгоре му кесе. и овие шо му останаа ко без воздух, без ентузијазам, по збор два ќе пишат и толку

Колку убаво си напишал.

Колку убаво си напишал. Гарант, другар ти е конечно исполнет

пошто е една колумна? са

пошто е една колумна? са паре?

етеее конечно ќе има

етеее конечно ќе има предвремени избори. конечно дојде време да се симне оваа фашистичка власт. Меѓутоа, еве да претпоставиме дека ќе победат пак (СДСМ може да освои само малку повеќе пратенички места). Кој е тогаш луд? народот или ти кој потроши стотина колумни за да ни објасни дека живееме во страв, секојдневно мачење и тортура.

Никој во СДСМ не очекува да

Никој во СДСМ не очекува да победат на следните избори, туку да му земат 5-6-10 мандати на Груевски и да го бутнат со широка коалиција. Ако ни тоа не успее, пак ќе се изнагледаме политички „кризи“, спонтани маршови, квази револуции и триста други циркуси и тоа, нормално, све во името на демократијата и напатениот македонски народ.

Сите треба да имаме во предвид дека ако пукнат работите во Македонија, а нема да пукнат, тоа ќе биде само поради интересот на грст идиоти од врхушката на СДСМ и Сорос. А потоа некој од нив ќе треба да плати за тоа. Без оглед на поддршката од страна.

Глупости си трескаме, против

Глупости си трескаме, против ce си врескаме,
Го мразиме ние - целиот свет,
Зашто нас не мачи - ментален стерилитет!

Ако не сте атеисти, вие сте фашисти.
Библии ќе палиме, со незнаење се фалиме
Црква да си срушиме, на Сорос да го пушиме

Промашени сме лузери, промашени кретени,
половина сме педери и хистерични жени.
Во недостаток на компетенција,
Продаваме импотенција!

Погрешени сме во главата, а се бориме за правата,
трава си дуваме, и за сите фрикови пуштаме крикови…

Им служиме ние на темните сили,
а прави сме морони, ма тотални дебили,

Земјата си ја мразиме, и врз моралот си газиме

Македонија кој ја ебе, си гледаме сал за себе

Cо незнаење се фалиме и на Б.Ц. му го галиме

Наша главна цел, гнасна и невладина,
e промашена македонска младина

Го читаме Глобус, Утрински и Шпиц,
Толку сме кретени, што не сме ни за виц.

Наша главна мотивација,
е тотална дегенерација
на македонската нација
и вечна Kомуњарска доминација!

Шуќур уште некој месец. Па ќе

Шуќур уште некој месец. Па ќе се врати Македонија кај нормалните луѓе. А изродбава ќе оди на ѓубриштето на историјата. За никогаш повеќе да не крене глава.

Понадевајте се уште некој

Понадевајте се уште некој месец, радувајтесе, плескајте му на Бране во А1.Тие неколку гласови на кои се надевате ке отидат кај лдп.А државава? Да ти ебам државата кај што Велија пали и гаси. И сега тој му е главниот електричар на Бране? Па погледнете се одстрана колку сте смешни, а овие на власт ги вози опозиција! Батал држава...

Слични содржини

Никола Гелевски
X-Men [к:19]
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото