1019 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 13:59
Во што да влезам? Од што да излезам?
Сè околу мене е пусто и голо, а затворен сум
од илјада страни и врати.
Земја под мене нема, небо над мене нема, но
бесплоден и црн, на едно место стојам и долу
потаму не можам, во нешто горе не ми се дава.
Низ коските и мозокот ко стрела ми пролетува
ветар, и молња, и здивот се мрзне мој, а во срцето ми е,
и во челото, врело и многу, многу темно.
А би сакал во нешто да влезам, од нешто да излезам, а
нигде ништо нема, и сè околу мене е пусто и голо, и,
пак, сè е, глеј, брава, и железен, чуден ѕид.
Превод: П. В.
Драгољуб Јекниќ (Драгољуб Јекнић, 1940–2019) - српски и југословенски писател. Пишувал и објавил многу, во разни жанрови, меѓу другото и низа книги за деца. На српски приредил книга со избрани песни на Блаже Конески.