1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Работите што минале, каде се?
Скриени од нас во далечината сивеат.
Сè што било добро, убаво, мило ‒
Работите што минале дали уште живеат?
Дали минатото ни дава знаци на живот
Кога од дамнини мила слика без промени
Понекогаш ќе светне во ноќта
На сон ‒ во трагата на нашите спомени?
Можеби некаде во светот, непозната,
Надвор од животот постои некоја патека,
Област, круг, во кој трае она што било
Со минатото што нè чека?
Работите што изминале, каде се?
Ако уште ги има и чекаат да појдеме
Ќе ги видиме и ние кога ќе минеме
За кај нив еднаш да дојдеме.
Превод: П. В.
Милета Јакшиќ (1863-1935) бил српски поет. Имал голема љубов кон природата, што се рефлектира во сите негови дела.