1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
Не верувам во среќен исход. Животот не е
Филм, па да се заврши со сладок
И долг бакнеж.
Не верувам ни во книгите. Покрај илузијата за
Сопственото значење, која ни ја создаваат,
Тие овозможуваат бегство - често незаслужено.
Не верувам во зашеметеноста од
Хашиш; тогаш ми се чини
Дека сум на прагот на некое значајно
Насетување, дека нешто откривам.
Не верувам во опиеноста што ја носи
Алкохолот; на човека тогаш
Му се причинува дека го разбира другиот човек,
И дека може да го допре.
Во машини особено не верувам. Илузијата
Што тие ја градат не е дури ни
Заводлива, како претходниве.
Ни во музиката не верувам. Создава
Чувство на лебдење кое не ни доликува.
Помеѓу столбови што измолкнуваат,
Во најмалку пет велови сме замотани.
Едни со други само се разгледуваме.
Превод: П. В.
Војислав Карановиќ (Суботица, 1 јануари 1961) е српски писател. Дипломирал на групата за југословенска и општа книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Пишува поезија и есеи. Некои од неговите песни се преведени на повеќе јазици. Работи како уредник во Радио Телевизија Србија. Живее во Белград.