Концерт на Stuttgart Online и Jimmy and the Sounds во МКЦ

21.02.2011 10:17
Концерт на Stuttgart Online и Jimmy and the Sounds во МКЦ

Stuttgart Online тргнуваат во февруарскиот поход. Скопје, Куманово, Битола, Штип и Прилеп се привилегираните коти на оваа јавна мисија.

А на програмата: претставување на супер деби-албумот "Radost svakom domaćinstvu", како и нескротливо автентичните нови песни од Штутгарт кујната. Ги пропуштивте концертите на Stuttgart Online во 2009? Не очајувајте, 22 февруари е тука. Почетокот е закажан за 21:00 часот, во Младинскиот културен центар.

Stuttgart Online се: Бојан Слачала - бас и вокал и Марко Баришиќ – тапани и вокал. Групата постои од 2006 година. Веб-магазинот Поп бокс ги прогласува за најдобар дебитантски бенд за 2007 г. Нивните синглови повеќе пати се наоѓаа на врвот на релевантните листи во регионот.

http://www.myspace.com/stuttgartonline

Jimmy and the Sounds

Jimmy & The Sounds се бритпоп состав од Мидлсборо, Англија имаа свој настап на поголемите фестивали ширум Британија, Европска турнеја, и само што го завршија својот прв дебитантски видео запис за песната 'Sounds' со Дик Карутерс. Со пуштањето на видеото во 2011 г. и серија настапи по националните ток-шоуа со цел промоција на нивниот сингл, не постои подобро време од моменталното за да се биде дел од тоа движење. Jimmy & The Sounds свират срдечни певливи песни подложни на играње и пеење.

http://www.myspace.com/jimmyandthesounds

ОкоБоли главаВицФото