1014 hPa
33 %
31 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 18:59
Едноставни хранилки за птици можат да им бидат од голема помош на птиците во ладните зимски денови, особено кога температурите паѓат под нулата и има снежна покривка, кога тие имаат потешкотии да најдат храна во околината.
„За среќа е потребно малку. Непечени кикирики, суво овошје, непечени семиња – сончоглед, семки од тиква, пченица… Сето ова може да биде вистинска гозба за птиците кои со денови се во потрага по храна”, велат од Македонското еколошко друштво.
Во продолжение можат да се видат неколку фотографии од хранилките кои Славе Накев, член на Македонското еколошко друштво ги има поставено, и неговите редовни „гости” кои често ги посетуваат. „Изработете слични хранилки за птици и испратете ни ги вашите фотографии” – велат од МЕД.
Нивните екипи во текот на месецов вршеа зимско пребројување на водните птици во Македонија. МЕД е активен учесник во Меѓународното пребројување на водните птици веќе 15 години. Поделени во неколку тимови тие ги броеја птиците на бреговите на Преспанското Езеро, Мантово и на Велешко Езеро.
Извор: https://mes.org.mk