Passion

24.01.2024 10:16

Тој ми призна дека ноќе ја затвора мачката во лифт.
Криците нејзини, очајни, бесни,
удираат во ѕидовите, а најмногу дивиот мјаук,
го потсетува, вели, на мене.
Целата долга ноќ мирната синокоса женичка крај него спие.
Тој слуша: мачката во лифтот, веќе луда,
со главата се залетува во стаклото
со канџата себе кожа си кине бесниот ѕвер
вреска џунглата низ рбетот накострешен
со главата в ѕид, со ситните коски на шепата директно в ѕид!
И точно тогаш кога мачката го испушта последниот страшен лелек
тој во мракот затреперува, кришум, под јорганот.
Рано взори, пред сите, мојот сакан ме влече за мртвата опашка
и ме фрла на ѓубриште.

 

Превод: П. В.

Јелена Ленголд (1959) - српска писателка. Пишува песни, раскази и романи. Една од најпреведуваните авторки од овие простори. Живее во Белград како професионална писателка.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото