1014 hPa
88 %

15 °C
Скопје - Чет, 22.05.2025 01:43
На 2 јануари, петок, со почеток од 18 часот, кафе-книжарницата „Буква”, со два концерта, ќе го прослави својот трети роденден.
„Повеќе од илјада денови „Буква”! Три години, во секоја со неколкукратно повеќе настани од бројот недели, често блиску до вкупниот број денови во годината, меѓу кои не е еден, ниту три, ниту триесет и три, туку многу повеќе – во кои имавме дури и по три настани. Со сопствени сили, со денови и ноќи, со љубов и жар! И со многу верни другари и другарки, кои во „Буква” се повеќе од гости!
Сè за целата азбука на културата во Скопје, од А до Ш. Три години под трите брези. Главна роденденска поддршка со високо крената здравица: Бадел и винарија Попов. На здравје!”, велат од „Буква”.
На роденденската забава на кафе-книжарницата „Буква” ќе се одржат два концерта. Ќе настапат „Чалгија Sound System” (Добрила Грашеска - вокал, Александра Кузман – виолина, Дориан Јовановиќ – ут, Бошко Мангаровски – канон, Давид Горгиев – перкусии) и „Стој, после!”, односно Мартин Џорлев – соло.