Проекција на филмот „Слобода” на Златко Ѓелески

02.02.2024 09:59
Проекција на филмот „Слобода” на Златко Ѓелески

Денес (2 февруари) и утре (3 февруари), со почеток од 18 часот, во киносалата на Кинотека на Северна Македонија, ќе биде прикажан краткиот игран филм „Слобода” во режија и сценарио на Златко Ѓелески.

„Слобода” е краткометражен омнибус, односно спој на три приказни кои се одвиваат една зимска вечер во истоименото кафуле. Таму се пресретнуваат тројца пријатели, кои неуспешно се обидуваат да се договорат помеѓу себе, додека на шанкот се наоѓаат две долгогодишни пријателки, кои истата вечер одлучуваат да споделат тајни, кои ги криеле една од друга, а на оддалечена маса од нив се одвива зделка за продажба на артефакт од Крушевската република.

Улоги: Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски, Станко Стевановиќ, Тамара Ристоска, Весна Гаврилоска, Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески, Андреј Дукоски, Тале Никодиновски, Ренато Јеремоски, Марија Петреска

Сценарио и режија: Златко Ѓелески
Продуцент: Бранко Стојаноски
Директор на фотографија: Владимир Димоски
Монтажа и визуелни ефекти: Љупчо Темелковски
Музика: Љупчо Стефаноски
Звук: Горазд Радески
Шминка: Фума Садику и Ели Илиоска
Клапер: Марија Петреска
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари

По завршувањето на филмот во петок, следува разговор со режисерот, кој ќе го води режисерот Јане Алтипармаков.
Програмата на Кинотека за февруари може да се погледне на линкот.