Игривоста на нацртаните ликови на Дејвид Зин

02.02.24 12:13

Од 1987 година па до денес, уметникот Дејвид Зин од Ен Арбор има голема колекција на разновидни и хумористични ликови кои можат да се видат на тротоарите, улиците и ѕидовите на неговиот роден град. Малите пакости и игри на овие минијатурни ликови во цртежите со креда на Зин ги исполнуваат секојдневните улични сцени со игривост и хумор.

Пакосниот мал вонземјанин спремен да направи експлозија на асфалтот со притискање на копчето

Во некои од неговите најнови дела, еден мал вонземјанин е спремен да направи експлозија на асфалтот со притискање на копче, глуварче ја пали свеќата на тортата на еден млад диносаурус и водоземец со безволен израз набљудува од дупчето на еден ѕид.

Приватниот остров на младата глувчица Надин

Зин неодамна објави две книги, вклучувајќи го и Прирачникот за уметност со креда, кој претставува водич кој ги открива начините на кои се создава привремена уметност со креда на јавни места.

Расцутеното топче сладолед во корнетот на една мала верверичка

Втората книга насловена „Случајни средби”, прикажува бројни примери на неговите интервенции низ годините. Пронајдете повеќе од делата на уметникот на неговата веб-страница и следете го на Инстаграм за да бидете постојани сведоци на неговите трансформации на скриените ќошиња на градот.

Глуварче му ја пали свеќата на тортата на младиот диносаурус 

Морско прасе во бегство

Посуми кои подготвуваат вафли

Малото зајаче во паркот

Малиот водоземец со безволен израз набљудува од дупчето во ѕидот

Малата црвена панда уредно си го чисти дворот 

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото