Сосем природно е СДСМ да го бара сојузникот кај вистински левичари

02.02.2024 15:31

Партијата Ветвендосје, по официјални патишта или просто по органски пат на нејзината популарност во албанофонската сфера, има влијание меѓу Албанците во Македонија. И тоа е релевантно, и нешто со што социјал-демократите треба да се запознаат, да го разберат како процес, да ја разберат природата на таа популарност. Ветвендосје е партија на лев популизам, партија која Гардијан пред некоја година ја прогласи за најпрогресивната партија во Европа.

Доколку почитувачите на оваа партија во Македонија добијат гласност и видливост, креираат сопствена партија или ги преточат овие вредности во некоја друга партија, тоа е добро за целото македонско општество, независно од етничките разлики. Сосем природно е СДСМ да го бара сојузникот кај вистински левичари, наместо кај десно ориентирани, антиевропски, традиционалистички партии.

Катарина Колозова, Цивил Медиа, 22.01.24.