Персиски теписи насликани на бетон

05.02.24 11:23

Користејќи четки со фини врвови за компонирање на комплексни детали, американскиот уметник Џејсон Сиф им дава нова димензија на персиските теписи, претворајќи ги во извонредни акрилни слики. Во текот на изминатите шест години, во својата уметност тој сè повеќе го инкорпорира бетонот користејќи го наместо платно, претставувајќи релјефни елементи кои излегуваат на површината.

„Секоја слика има свои пречки. Скулптурните елементи кои додаваат длабочина и текстура на она што вообичаено е еден рамен процес, се дел од моите омилени делови од работата со овој материјал”, напиша тој неодамна на Инстаграм.

Сиф ги испитува асоцијациите кои се раѓаат од односот помеѓу архитектурата и внатрешниот простор, пренесувајќи ги на ѕидот шаблоните што вообичаено ги гледаме под нашите стапала. Истружениот бетон евоцира распаднати вили или ископани урнатини, како теписите да се споиле со нив и да сраснале со самата архитектура.

Во својата неодамнешна изложба во Музејот на уметност „Перез” во Мајами, уметникот изложи дел од своите најголеми дела досега, вклучувајќи колоритни панели сместени во ботанички релјефи налик на тапети. 

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото