1019 hPa
65 %

5 °C
Скопје - Вто, 18.03.2025 03:59
Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не’ посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.
Ги замолувам сите медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат нашата приватност.
Лажни се објавите дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот. Ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ЗАД РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, ве молам, покажете малку сочувство, како и за поблиското семејство и пријателите.
Наталија Ѓоргиеска, сопруга на загинатиот Андреј Ѓоргиески; Фејсбук, 17.03.25.
Полиција:
- Добар ден, бараме човек со една нога...
- Па, побрзо ќе го најдете ако ги користите двете нозе!
Со сигурност знаеме дека хомосапиенсот потекнува директно од македонскиот бел стаорец-итроман што пред 65 милиони години, кога умирале џиновските рептили, решил пар децении да престојува во своите подземни простории, во безбеден земјен меур. Кај македонскиот сапиенс тој меур со тек на времето еволуирал во ментален, во една сосем специјална дарба за неразбирање која обично ја нарекуваме глупост.
Списанието за култура „Маргина” #95 е број посветен на попреченоста.
2009-2024 okno.mk, сите права се задржани.