1012 hPa
30 %

32 °C
Скопје - Саб, 19.07.2025 13:59
Утре, 9 февруари, со почеток во 21 часот, во социјалниот центар „Дуња”, ќе се одржи концерт на дуото „Раздор”.
Ќе настапат Кристијан Новковски (тапани) и Дени Омерагиќ (бас / електроника / глас). Ова е трет настап на парот кој во слободно време е ритам секција на групите „Светлост” и „Строг пост ”.
РАЗДОР е визуелна поезија.
РАЗДОР е сонична слика.
РАЗДОР е обредно прочистување на валканиот скопски воздух.
РАЗДОР е вашиот спас.
2023 беше година на мирување за „Раздор”, додека членовите беа насочени кон работата на „Светлост” и „Строг пост”, другите групи во кои овој пар делува.
Плакатот за концертот го изработи Кристијан Новковски.
Влезот е со препорачана донација од 150 денари.
На концертот ќе можат да се набават последните албуми на „Светлост” и „Строг пост”.