Владимир Ангелов: Агенцијата за филм треба да го одржи квалитетот и квантитетот на македонското филмско производство

08.02.2024 13:07
Владимир Ангелов: Агенцијата за филм треба да го одржи квалитетот и квантитетот на македонското филмско производство

Владата на вчерашната седница го именуваше Владимир Ангелов за нов директор на Агенцијата за филм.

За неговата програма како прв човек на Агенцијата за филм Ангелов вели дека генерално, таа се фокусира одржување на квалитетот и квантитетот на македонското филмско производство.

„Треба да се седне и да се види какви проекти има пријавено по конкурсот/ите, ама мислам дека треба да се вметнат и други параметри во оценувањето на апликациите. Секако, и поттикнување на образование, публикации, кревање на имиџот на Агенцијата и нашиот филм на меѓународно ниво, отвореност и реално согледување на кинематографијата кај нас ”, изјави Ангелов.

Владимир Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Северна Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работел како филмолог од 1995 година. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор, а кон крајот на 2018 г. е именуван за директор на Кинотеката. Како филмолог работел на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во периодот од 1948 до 1953 година.

Во периодот од 2006 до 2017 бил одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката и за тоа време реализирал и соработувал на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографијa.

Соработувал со различни партнери на повеќе проекти, како „Фотографијата и филмот на почвата на Македонија”, дел од проектот „Историја на макро културата во Македонија” (издание на МАНУ) и „Трајче Попов” (издание на Кинотеката), како и со Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” и Скопскиот филмски фестивал…

Објавувал стручни и критичко-теоретски текстови за филмот. Член е на македонската секција на ФИПРЕСЦИ.

ОкоБоли главаВицФото