Рик Ален

30.04.2024 01:35
Рик Ален

„Немаше да бидам личноста што сум денес, немаше да постигнам толку и можеби немаше да бидам тука доколку не беше несреќата.“ 

Рик Ален

 

Ричард Ален (1963) е англиски тапанар кој свири во хард рок групата Def Leppard од 1978 година. Меѓу обожавателите е познат како „Богот на громот“, а според британската музичка веб страница Gigwise тој е седмиот на листата најдобри тапанари на сите времиња.

Во 1978 година (на 15 годишна возраст) го напушта училиштето за да се фокусира на концертните настапи на Def Leppard, а на 16 годишна возраст со бендот заедно настапуваат на концерт на австралискиот рок бенд AC/DC.

Во 1984 година доживува сообраќајна несреќа заради која му е ампутирана левата рака.

По две години пауза решава да им се врати на музиката и на бендот. По 1984 година Def Leppard издаваат уште девет студиски албуми и одржуваат над 2 000 концерти низ целиот свет.

Во 2001 година заедно со неговата сопруга Лорен Монро, ја основаат добротворната организација Raven Drum, чиј примарен фокус се воените лица и нивните семејства, но и компанијата One Hand Drum чија основна задача е да обезбедува средства за работата на добротворната организација.

Нивниот проект Veteran Resiliency е иновативна програма за лекување каде модалитетите за самогрижа се користат за да помогнат во опоравувањето од траумите кои ветераните ги дожвеале во војните во Виетнам, Ирак и Авганистан. Тапаните се столбот за програмата која опфаќа свирење на тапани, ритмички техники и медитација. Исто така, организацијата им помага на тинејџери заболени од рак, деца со посебни потреби и жртви на семејно насилство.

Во 2019 година Рик заедно со неговите долгогодишни колеги од бендот станаа дел од Куќата на славните на рокенролот. Тој продолжува да патува низ светот и да инспирира милиони со својата страст за музиката.

Освен со Def Leppard, Рик Ален соработувал и со бендовите Grad, Smokey Blue, Rampant и Johnny Kalendar Band.

Приредил: Алек Кузмановски

ОкоБоли главаВицФото