За Скопје после 1963 и после 2014

13.09.2016 13:11
За Скопје после 1963 и после 2014

Дваесетина видни скопјани зборуваат за паралелите меѓу земјотресот од 1963 и „земјотресот“ наречен СК014. Линк

Дарко Марковиќ: Скопје 2014 е Потемкиново село

‒ Земјотресот го доживеав како комплетна промена на градот, комплетно менување дури и на менталитетот на луѓето.
‒ Ако земјотресот 1963 беше голем удар и катастрофа за Скопје како град, проектот Скопје 2014 и политиката што уследи со него е катастрофа од која настрадаа не само граѓаните на овој град, туку и сите жители на Македонија.

Влада Урошевиќ: Опасно е за еден град да се шири диво и нагонски

‒ Неправедно ги заборавивме сите оние што напишаа песни и создадоа цели ликовни циклуси за земјотресот. Би требало на тие луѓе да им се даде по една улица, тие направија исклучителен напор, покажаа голема солидарност.
‒ За сето ова време додека се реализира проектот Скопје 2014, страшно е што никаде не сум прочитал ниту една естетска анализа за тие споменици. Сите коментари беа политичко‒идеолошки. Сите тие споменици по мене се неуспешни баш од таа естеска страна и се на ниво на семинарски работи по вајарство.

Георги Константиновски : За 10 години барокот ќе се распадне, Скопје ќе изгледа ужасно

‒ Ваков однос спрема она што во еден временски период претставувало одраз на современиот живот и архитектура не постои ниту во една цивилизирана земја.
‒ За Скопје да може да оди понатаму треба да ги тргнеме објектите од Скопје 2014.

Мимоза Несторова Томиќ: Стилот не се наметнува, тој се раѓа

‒ Градот по земјотресот изгледаше како авет, немаше ни луѓе ни светлост. Прозорците на некои згради беа искривени, а на некои срушени. Бев многу престрашена и не верував дека Скопје толку брзо ќе се воздигне.
‒ Овие денешни објекти се амбиција на некои наши колеги кои не сакаат да комуницираат со другите и да видат што е тоа што сите ние сакаме да се гради во овој момент во Скопје.

Џабир Ахмети: Спомениците од Скопје 2014 се товар што народот не може да го носи

‒ Скопје по 1963 се прероди и го заокружи својот идентитет во град на пријателство, соживот и солидарност.
‒ Повеќе немаме едно Скопје, туку многу градови поделени по партиска, верска , статусна основа.

Петар Арсовски: Новиот театар боде очи во ова време на криза и сиромаштија

‒ Животот по земјотресот беше полн со солидарност, со љубов. Луѓето си помагаа, живееја заедно, излегоа од своите домови, сè со желба да се воспостави еден нормален живот.
‒ Се изградија еден куп модерни згради кои го одбележаа Скопје во државата и светот.

Ѓунер Исмаил: СК2014 го инфицираше општеството

‒Театарот на народностите беше првиот театар изграден по земјотресот.
‒Скопје во 1974 година го доби ГТЦ, објект со кој можеше да се гордее пред целиот свет. Во тоа време ретко можевте да видите во другите градови таков објект со таков лик и концепт.

Никос Чаусидис: Скопје е повеќе симбол отколку град

‒ Прва асоцијација на Скопје ми е нешто што не е сталожено. Нешто што е динамично и нешто што е променливо, може да се каже во негативна смисла, толку променливо што не може да фати корен. Така што ако треба да се најде некоја метафора – тоа би било проточно место, место кое што постојано се менува. ...
‒ Ако се споредат 1963 и 2014 години, кои се историски важни години во животот на Скопје, тогаш е тоа смрт и повторно раѓање, ама не во континуитет, туку од нула, тотална смрт и и реинкарнација, значи од нула повторно градење.

Бојан Иванов: Да си ги раскажеме сликите од детството кои никогаш не се документирани

‒ Празните простори, неизградените простори во Скопје беа споменик на жртвите на земјотресот.
‒ Градот нема свој фотограф, којшто ќе ги документира состојбите во просторот.

Даница Павловска: Во централното градско подрачје се случува агресивен и непријатен атак

‒ (За ГТЦ) Дојде еден критичен момент во кој не можеше сосема да се молчи. Тоа беше еден момент кога најболното што можеше да му се случи на граѓанинот на Скопје, не само на архитектот, планерот, урбанистот туку на корисникот на тој простор е да се посегне по него.
‒ Не се само објектите вредност, туку е вредност и празниот, јавниот простор.

Богдан Богдановиќ од 2008: „Скопје е град-личност“

Богдановиќ зборува за сеќавањата на скопскиот земјотрес, обновата на градот по земјотресот, обновувањето на старите објекти, преплетувањето на финансиските интереси и архитектурата, периодот кој го поминал во Скопје криејќи се од власта на Милошевиќ...

Скопје 1963-2013

Монтажи: Александар Дојранлиев 

ОкоБоли главаВицФото