Големите очекувања

25.04.2024 13:45

Чарли мислеше дека ќе стане професионален фудбалер,
но наместо тоа стана пациент заболен од рак.

Елизабет мислеше дека ќе стане значајна апстрактна сликарка,
но на крајот стана гласноговорница
на Коалицијата на горди родители на геј деца.

Не знаеш како сè ќе се одигрува.
Дури и не обраќаш внимание на тоа како работите се одиграле
откако веќе така се одиграле.

Незнајник едно попладне ако ти даде кинеско колаче на судбината,
и ако го скршиш и ја отвориш таа деликатна лушпа од печиво
и ако го извадиш хартивчето на кое пишува:

„Ќе бидеш мошне млада вдовица
која ќе живeе во стан во Сарасота во Флорида,
осамена, но премногу горда да набави мачка“,
би го фрлил без размислување.

Мислев дека ќе бидам богат и функционален алкос‒адвокат,
но завршив како сиромашен трезвенко

вработен во копирница во центарот на градот,
кој се труди добро да ја извршува својата работа со хефталката и машината за коричење.

Еден ден во копирницата влезе мојата професорка од факултет
со поглавје на својот ракопис за Фокнер во раката.

„Беше толку талентиран“, рече таа.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото