Нималку понеправилно од обично

25.12.2023 19:15

Случајно го испуштиле ковчегот на учителот по зен
додека го спуштале по скалите.

Случајно го испуштиле ковчегот на учителот по зен
додека го спуштале по скалите.

Обидот да се заобиколи ќошето на одмориштето
бил зафркнат како коанот

за бојата на кучешкиот лаеж
среде ноќ.

‒ Токму тука каде што оградата е повисока
требало ковчегот да се подигне над глава

и едновремено да се заротира дијагонално
‒ и кога тежиштето се помрднало, паднал капакот,

а учителот, во одора црна како јаглен,
тромаво наполу излизгал од сандакот

па двајца ученици од десната страна
побрзале да го дофатат чесниот старец

помеѓу своите рамења и ѕидот.
Пеењето на нажалените,

драго ми е што тоа можам да го речам,
ја променило висината, но не престанало,

а ѕвонот на ѕвоната
не бил нималку понеправилен од обично

додека врз лицата на присутните се отчитувал
цел каталог на недоктринарни состојби:

‒ изненадување, вознемиреност, олеснување, збунетост и веселост ‒

налик на необична низа од соби низ кои можеш
да талкаш во сон,

во некоја куќа на која не се сеќаваш најдобро
‒ куќа по која со години веќе луташ.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото