1020 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 06:59
Користејќи различни материјали како што се акварел, мек пастел, молив и јаглен на хартија, холандската уметница Мејв ван Клаверен создава еден веродостоен свет отворен за интерпретација.
Нејзините цртежи не раскажуваат приказна само за тага, среќа, љубов, живот или смрт, и покрај тоа што речиси секое нејзино дело е резултат на чувствата, односите и желбите на една личност. Преку својата практика на цртање, уметницата успева, со голема умешност, што поблиску да ги допре материјалите и текстурите на видливиот свет.
„Она што го гледате е преземено од секојдневниот живот. Нешто ме интригира и тоа го обработувам во моите цртежи. Темата често произлегува од слика или мисла. Основните мисли што ме преокупираат се поврзани со сето она што сите нас како луѓе нè засега и фасцинира. Она што го работам најчесто не произлегува од одредена тема, туку од мисла. На тој начин, водени од мислата, најпрвин се реализираат неколку цртежи во кои се појавува тема која понатаму се развива. На крајот, сметам дека идејата зад делото не треба да се наметнува“, вели уметницата Мејв ван Клаверен, обидувајќи се да го објасни својот креативен процес на создавање.
Извор: https://www.booooooom.com