Јовески: Вештачењето на германските експерти беше отфрлено откако откривме дека се платени со руски пари

18.08.2023 11:59
Јовески: Вештачењето на германските експерти беше отфрлено откако откривме дека се платени со руски пари

Главниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој веќе неколку дена се труди да ги објасни пропустите што ги откри тимот на ИРЛ, денес ексклузивно за Кооперација откри дека вештачењето на германските експерти не било земено во предвид во текот на судењето затоа што неговата интерна истрага во минатото на таканаречените "експерти", покажала директни врски со рускиот државен врв и намерни пропусти кои имале за цел да обвинат невини луѓе.

 - Сомнежи за руско влијание врз германските експерти имавме уште на почетокот, кога нѐ одбија да седнеме и да се договориме како луѓе и наместо тоа, веднаш почнаа да си ја работат својата работа и да истражуваат. А кога ни го предадоа извештајот и прочитавме дека за пожарот ја обвинуваат неквалитетната градба, а не кабелот, сѐ она во што се сомневавме се потврди. Но веќе беше доцна да ги апсиме и сѐ што можевме е да им го избришеме извештајот. - рече Јовески.

 Тој со нас сподели и една неофицијална информација, која сѐ уште не е потврдена, а според која еден од експертите дури бил соученик на Владимир Путин во академијата на КГБ, каде со години бил обучуван да дојде во Нашата Земја и да ја дестабилизира преку лажни обвинувања кон успешни поединци, кои сториле многу за нејзино добро.

Извор: https://kooperacija.mk/

ОкоБоли главаВицФото