Европската унија ја забрани руската салата

28.02.2022 15:56
Европската унија ја забрани руската салата

 

Откако ѝ забрани на Русија да учествува на Евросонг и го исклучи Петроград како домаќин на финалето на фудбалската Лигата на шампионите, Европската унија денес воведе уште пожестоки санкции кон Русија поради влезот на нејзината армија во Украина. Според претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Европската унија одлучи да забрани подготовка и конзумирање на руска салата на нејзина територија.

- Веќе не можевме со скрстени раце да гледаме како Русија напаѓа и уништува една суверена земја, па презедовме поостри мерки. Руската салата, како традиционално руско јадење, ќе биде забранета во сите членки на Европската унија, како и во земјите кандидати за членство во оваа алијанса. Цврсто веруваме дека оваа мерка ќе ги принуди Владимир Путин и неговите соработници во Кремљ да се повлечат од Украина што побрзо. Оваа санкција, во комбинација со протерувањето на Русите од „Евровизија“, едноставно мора да ја фрли Москва на колена – изјави овој висок функционер.

Тој додаде дека Европската унија се двоумела околу таквата силна реакција, но дека бруталните слики од Украина сепак ја принудиле на драстични мерки.

- Размислувавме во истиот пакет да забраниме и конзумацијата на руска вотка, но преовладуваше мислењето дека тоа сепак би биде премногу и дека на Москва треба да ѝ се даде шанса да ја разбере својата грешка и да ја исправи. Забраната на руската салата е доказ дека администрацијата на Европската унија не е бавна и неефикасна како што изгледа, туку дека можеме брзо и адекватно да реагираме на секоја закана и загрозување на животите на невини луѓе – рече Мишел.

Европскиот совет, исто така, препорача и земјите на Балканот да се придржуваат до забраната за консумирање руска салата и на владите на земјите од Западен Балкан им даде 48 часа да се изјаснат дали ќе ги поддржат најновите санкции на ЕУ против Руската Федерација.

Извор: Njuz

ОкоБоли главаВицФото