Училиште банкротирало зашто купило книги за сите одлични ученици

08.07.2022 16:51
Училиште банкротирало зашто купило книги за сите одлични ученици

Средно училиште од Скопје е принудено да прогласи банкрот бидејќи целиот буџет го потрошило за купување книги за сите одлични ученици.

Бројот на одлични ученици во ова училиште оваа учебна година е толку голем што управата потрошила не само дел од парите наменети за таа намена, туку и пари за претстојната грејна сезона и други тековни работи.

- Не само што ги потрошија сите пари, туку мораа и да се задолжат, поради што на крајот беше донесена одлука и официјално да се прогласи стечај за да може институцијата нормално да функционира. Кога сфатија колку одлични ученици имаат оваа година, имаше предлог да се наградуваат само оние со сите петки, но трошењето и тогаш би било големо и би предизвикале револт кај учениците кои ги немаат сите петки и нивните родители - вели извор од Министерството за образование кој инсистираше на анонимност.

Во споменатото училиште размислуваат да го ограничат бројот на ученици кои можат да бидат одлични на крајот на годината, но се’ уште не се сигурни како точно би функционирал тој систем со квоти за почести.

Приспособено од: Njuz.net