Влажност

22.12.2023 10:38

Лизгачка се врти на протетичката нога, на државна телевизија,
во првиот настап по несреќата

и се занишува еднаш, но не паѓа,
на што публиката станува и громогласно аплаудира,

а мене солзи ми капат во питата со пилешко,
па не морам да ја досолувам вечерата.

Не знам треба ли да ми е срам што сега
толку лесно се распекмезувам, додека седам сам и читам,

или разговарам со сестра си во еден наутро;
гласот ми трепери и откажува, морам да застанам

и да го стегнам грлото,
да се присоберам.

И, навистина, немам блага врска која е дијагнозата
за таа метафизичка состојба

или која би можела да биде следната фаза на мојата болест.
Можеби наликувам на пензиониран воен злосторник,

кој конечно се поврзува со деветгодишникот внатре во себе.

Можеби сум го досегнал точно она место на половина од животот
каде што сочувството и самосожалувањето течат напоредно

во мочуриштето, па ги отфрлаш сите свои мерила
и просто се валкаш во него.

Можеби штитникот од плексиглас
кој би требало да ме заштити од старите чувства

конечно пука однатре
и тоа боли.

Можеби сум како мачка која ги лиже своите гениталии
од чисто задоволство.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото