За рушењето на СК014

06.06.2017 09:41
За рушењето на СК014

По падот на режимот на Груевски, новата власт во Македонија ја очекуваат сериозни предизвици во справувањето со груевистичкото наследство. Едно од најгорливите прашања е што да се прави со „проектот“ СК014. Предлозите на Ива Галевска кои ги објавивме вчера ги коментира Леонора Грчева.



 

1. Пред експертска проценка, не знаеме дали чини повеќе пари да се руши или да се одржуваат со години неодржливи градби во распад.

2. Ако на место на зградите се насади парк со стотици возрасни дрвја на подолг рок тоа ќе придонесе во борбата против загадувањето.

3. Сѐ што може да се пренамени во културен простор, може, ако придонесува за ослободителниот процес, но не ако е опасно по живот и небезбедно - цел кеј на Вардар. ШТО всушност е Скопје 2014? Опасните згради на кеј + уништените модернистички фасади + дополнителни згради изградени на сметка на паркови.

4. Бездомните луѓе се жртви на системот и проблем кој треба вистински да се решава, не со импровизација. Тие луѓе треба да живеат во станови, не во поплавени музеи.

5. Интернационален конкурс според закон и ГУП и мора да има за центарот на Скопје, ама не е реално да се очекуваат донации како после земјотрес за справување со грди фаши дивоградби.

6. Враќање на модернистичките фасади и дислокација на спомениците во Жена парк и центарот на Скопје? Да и да.

 

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Дојранлиев

 

ОкоБоли главаВицФото