1017 hPa
70 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 16:59
Брзината на распаѓањето на светот е страшна.
Побрза од распаѓањето на телото
во земја, на земјата во прав, на правот во здив.
Побрза од распаѓањето на зборот
во глас, на гласот во редослед, на редоследот во лед.
Брзината на распаѓањето на зборот е глас.
Брзината на распаѓањето на телото е час.
Брзината на распаѓањето на светот сум јас.
Превод: П. В.
Борис Новак (1953) - словенечки поет, преведувач, есеист, професор... Предава на одделот за компаративна литература и теорија на книжевноста на Универзитетот во Љубљана. Потпретседател е на Интернационалниот ПЕН. Објавил над 100 книги. Неговите книги се преведени и објавени во САД, Франција, Хрватска, Србија, БиХ, Словачка и Македонија.