1027 hPa
69 %
1 °C
Скопје - Сре, 15.01.2025 20:59
Под славеи си ѕуни светов
си дрочи земја под мајски дожд.
И молчи само војничето
од олово – од зарек лош.
Се гледа, тажен мајстор в свет
го пуштил починка да нема.
Го прашаш:
– Сè ли е во ред?
И тоа на нишан те зема.
Си минат делници и сведни,
во метеж врви век по век,
се смеат среќни, плачат бедни,
а тоа демне сè на штрек.
Го чека врагот, со опул прав,
што негде суров поход спрема...
Го прашаш:
– Не ли ти е страв?
И тоа на нишан те зема.
Си живее, на делби гласник,
војничето во својот кат,
на тревоги го јаде јасник,
па стиска в раце автомат.
Си живее мој бранач мал –
знак боен чека во поза нема.
Го прашаш:
– Да не ти е жал?
И тоа на нишан те зема.
Препев: Блаже Конески