Најглупи проекти во СК 2014

25.12.2012 10:35
Најглупи проекти во СК 2014

Категоризација на најглупи проекти од СК 2014

Она што во последно време сè почесто ми паѓа на ум е дека всушност на сите ни стана гајле за сè! Особено за урбаниот пејзаж! Зошто инаку не можам да си објаснам како може толку да сме слепи или изгледа дека се навикнавме ништо веќе да не ни пречи и за ништо да не реагираме. Не велам дека треба нешто да кршиме и палиме и тепаме ко Грците на Омониа, туку барем ај да ја фатиме на мајтап, па да си се мајтапиме сами со себе и нашата зачмаеност. Ајде да засукаме ракави, да седнеме на точак да повозиме онака туристички и да ги избереме најбезвезните, најсмешните и најнепрактичните работи направени во градот, а и пошироко. Иако конкуренцијата е појака него ли за Оскар, јас би предложил избор во следниве категории:

1. Tоп три глупи скулптури, односно глупи објаснувања за скулптурите низ Скопје, 2. Најглуп (туп, глуп и неупотерблив) објект на Скопје 2014, 3. Анти архитектонско ремек дело, 4. Фонтана на раскрсница што предизвикала највеќе сообраќајки и секако заради Бадентер и слични, 5. најлегендарната урбанистичко архитектонско уметничка глупост на албанските партнери.

Категорија 1: Топ 3 глупи скулптури или глупи објаснувања за скулптурите

1. Двете скулптури пред новата зграда на Уставен суд. Скулптурите и не се нешто страшно, туку скулптури на господа т.е маж и жена од триесеттите години на минатиот век ама објаснувањето вели: Традиционална македонска градска носија. А бе каква Македонија? Тоа е чиста Alla Franca мода, иако у кондрите се малку Alla Turca.

2. Прометеј у боксерици односно перформансот на другар ми Томе Аџиевски: облечете го Прометеј и натерајте го Фидија да се врти у гроб ко пропелер!

3. Жални врби у Вардар за четврт милион евра – е што риба ќе пошумеше министерот Јакупи за тие пари у Вардар;

4. Оригинални антички скуптури пред Влада – му текнало ли некому дека утре може да има насилни протести пред влада и да ги испокршат до една несакајќи и дека нема да се знае после кој е крив за уништување на непроценливото (тоа е нов термин за нешто вредно над 100.000.000 евра) национално богатство? Начмиш ли?

Категорија 2: Најглуп (туп, глуп и неупотерблив) објект на Скопје 2014:

1. Новиот Археолошки музеј заради просечната ширина од само 9 метри, недоволна за сериозно креирање музејска поставка. Објектот има музејски депоа под нивото на реката Вардар на далечина од 30 метри од истата река;

2. Новата барокно рококојска фасада на Владата со плаво бела анти-демонстрант ограда у ан-фас, партизанскиот споменик у профил и Жабарот у заден план;

3. Преправање на стара железничка во неокласична градба. А бе ајвани! Таа е направена во неокласицизам!

Категорија 3: Анти архитектонско ремек дело

1. Куќата на Мајка Тереза направена у стил што би рекол Звонко Богдан – Свега има, само куќе нема;

2. Свадбарникот на Пијано Роџер во Белимбегово. Објект посетен од сите можни студенти по архитектура и млади архитекти на пропатување низ Македонија да видат како НЕ треба нешто да изгледа;

3. Катната гаража у стилу све ми боје лепо стоје кај универзитетска библиотека.

Категорија 4: Фонтана на раскрсница што предизвикала најмногу сообраќајки

Овде не треба да се мисли не треба да се дебатира. Апсолутен победник се петте фонтани на семафор на бул. Јане Сандански, наречени од Дарко Лешоски „Свети великомаченик Аеродром“, кои кога дува ветер го мократ булеварот и го претвараат у клизалиште, па предизвикуваат сообраќајќи (фала богу уште никој не загинал, ваљда пред мраз ќе ги исклучат.)

Категорија 5: Најлегендарната урбанистичко архитектонско уметничка глупост на албаските партнери

1. Семафор на автопат кај Гостивар; меѓу другото паѓа еднаш месечно кога дува ветер;

2. Новиот плоштад Скендербег, за кој никој незнае ни каде ќе почне ни каде ќе заврши;

3. Триаголниот кружен тек во Тетово.

Извор: nikolapisarev.wordpress.com

ОкоБоли главаВицФото