1017 hPa
77 %
15 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 09:22
(Првата, главна игра)
Најпрвин ножот треба добро да се наостри;
ножот најдобро се остри врз врат на брат;
потоа треба да се испие чаша вино или ракија,
да се наздрави или да не ѝ се наздрави на војната,
сеедно, може и без тоа,
потоа мајката треба внимателно да се заколе,
и да се положи хоризонтално и да се легне крај нејзе
и да се потпре главата (својата) врз нејзините гради,
потоа, внимателно, за да не се повредат зглобовите,
полека да се сноктат сите (свои) нокти,
добро прстите, како да се моливи, да се изострат,
потоа да се испијат неколку чаши вино или ракија,
слободно да се пуштат солзите, по мајката да се заплаче,
долго, долго, до ситост,
потоа со наострените прсти треба
крвта со солзите да се измеша
и да се направат многу надолжни риги по кошулата
(кошулата може да биде бела, црна или шарена),
останатото потоа ќе оди лесно.
Превод: П. В.