Загадувањето на воздухот има негативно влијание на тимската работа

28.03.2024 11:53
Загадувањето на воздухот има негативно влијание на тимската работа

Како загадувањето на воздухот ги влошува перформансите на еден тим?Истражувачи, предводени од престижниот универзитет во Кембриџ, го побарале одговорот на ова прашање на малку неочекувано место - во „собите за бегство”.

Како загадувањето на воздухот ги влошува перформансите на еден тим? Англиски и швајцарски истражувачи, предводени од престижниот универзитет во Кембриџ, го побарале одговорот на ова прашање на малку неочекувано место - во „собите за бегство”.

Собите за бегство (escape rooms) се форма на забава чија популарност расте ширум светот. Тимови од два до шест члена се „заробени” во тематски простории и од нив бегаат така што се обидуваат да пронајдат излез преку решавање на различни задачи и потпирајќи се на логика, креативно размислување и тимска работа. Играта обично трае околу еден час.

Токму собите за бегство им помогнале на истражувачите, предводени од престижниот универзитет во Кембриџ во една нова студија да откријат како загадувањето на воздухот ги влошува перформансите на тимот.

Покрај тоа што на вакви места луѓето одат на роденденски забави или со цел да се забавуваат со друштвото, меѓу посетителите има и групи луѓе кои работат заедно (најчесто во корпорации), а кои во собите за бегство организираат т.н. тим билдинг, збир на активности насочени кон зајакнување на комуникацијата меѓу колегите.

Тимовите играат клучна улога во надминување на сложените општествени предизвици како што е климатската криза, преку развивање иновативни чисти технологии. Сепак, влијанието на дишењето загаден воздух врз нивното нерутинско решавање на проблемите сè уште не е добро истражено.

Имајќи го ова на ум, научници од Обединетото Кралство и Швајцарија анализирале 15 000 игри во собите за бегство во Лондон одиграни во периодот помеѓу 2018 и 2022 година. Податоците за квалитетот на воздухот ги добиле од 16 мерни станици во градот.

Заклучокот е следен:

За време на денови со високо загадување на воздухот, на тимовите им требало просечно 5% повеќе време за да ги решат аналитичките задачи кои бараат вештини за соработка аналогни на оние кои се потребни на современото работно место.

Ова забавување се случувало само кога квалитетот на воздухот бил многу лош. Ваквата состојба е вообичаена во многу земји во развој. ПМ 2,5 честичките се само еден од анализираните загадувачи, заедно со јаглерод моноксид, сулфур диоксид и азот диоксид. Сите четири загадувачи на воздухот имаат значително негативно влијание врз перформансите на тимот.

Како што нагласуваат од Кембриџ, интересно е што загадувањето на воздухот со јаглерод моноксид и сулфур диоксид било штетно за ефикасноста на тимовите во собите за бегство дури и на значително пониски нивоа во споредба со оние препорачани од Светската здравствена организација.

„Многу земји со низок и среден приход се соочуваат со многу повисоки нивоа на загадување кое евентуално би можело да стане пречка за економскиот развој и намалувањето на сиромаштијата”, се наведува во анализата.

Впрочем, загадениот воздух не влијае само на нашата продуктивност, туку тој е одговорен и за појава на бројни болести, а во најтрагични случаи тоа го чини човекот и неговиот живот.

Одамна е познато дека загадениот воздух го нарушува и нашето ментално здравје со тоа што го зголемува ризикот од појава на депресија и анксиозност. Но, неодамна објавеното истражување дополнително фрла светлина на сериозноста на ситуацијата.

Врз основа на податоците од околу 1 400 мониторинг станици низ Кина, истражувачите заклучиле дека стапките на самоубиства скокаат кога квалитетот на воздухот опаѓа.

Извор: https://www.jbs.cam.ac.uk

ОкоБоли главаВицФото