Четврти роденден на „Култура ß”

15.02.2024 10:48
Четврти роденден на „Култура ß”

Неформалното здружение за младинска култура „Култура ß” овој месец го слави својот четврти роденден! По тој повод во кафе-книжарница „Буква” на 16. февруари со почеток во 18:30 ќе се одржи голем роденденски настан.

Одбележувањето на роденденот на „Култура Бета” ќе започне во 18:30 часот со претставување на романот „Ронлива” и разговор со авторката Милена Сиљаноска.

Потоа, во 20 часот ќе следува настанот „Поетска епизода #9 | Нешто е гнило (во државата данска?)”. Роденденскиот настан ќе биде заокружен со свирка на акустичното дуо „Кенопсија”.

Во текот на целата вечер ќе бидат достапни во продажба сите броеви на културното списание „Спознавање” кое е фокусирано на промовирање на македонски уметници, односно музичари, дизајнери и креативци.