Дрвени автомобили со долги светла

01.03.24 13:20

Oбично секој избегнува да се најде на местото на исплашено шумско животно фатено од фаровите на возилата, но тоа е суштината на делата на шпанскиот уметник Кико Мијарес. Тој го користи дрвото за изработка на минијатурни, колоритни автомобили со вклучени долги светла, длабејќи низа пејзажи и знаци пред нивниот фокус.

„Знам да се изгубам во креативна игра каде што формите, димензиите и перспективата се испреплетуваат за да ги предизвикаат очекувањата”, вели Мијарес.

Уметникот често експериментира со перцепцијата, користејќи го природниот материјал за создавање на широк спектар на предмети како чевли, животни и фигури со издолжени, надреални карактеристики.

Инспирацијата на Мијарес за жолтите светла потекнува, како што вели тој, од неговата „фасцинација од конвергенцијата на уметноста и функционалноста”.

„Мојата цел е да одам подалеку од конвенционалното, спојувајќи ја естетиката со корисноста и истражувајќи како формата може да влијае на перцепцијата”.

Карактеристично долгите, солидни светла служат како потпори на објектите, при што делува како да возат директно кон земјата.

„Серијата на автомобили сè уште нема крај, и во зависност од креативниот момент, продолжувам да го менувам концептот”, вели Мијарес.

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото