Другата страна на желбата

27.01.2010 14:50
chow2.jpg

Даниел Бергнер пишува за списанието New York Times Magazine и е автор на две успешни и наградувани публицистички книги: In the land of magic soldiers и God of the rodeo. Бев восхитен кога дознав дека овој угледен новинар во новата книга The other side of desire ја обработува темата за алтернативна сексуалност и опсесии.

Оваа детална и опширна книга ми се допадна, па решив да договорам интервју со него, но на крајот ги заменивме улогите. Често пишував за темата на алтернативна сексуалност, но повеќе од гледна точка на припадник на садомазохистичката заедница и личност која морала да се соочи со желба која повеќето луѓе не ја познаваат. Првото нешто што човек го забележува кај Даниел е неговата љубопитност – веројатно голема – на која и’ го должи новинарскиот успех. Со оглед на тоа дека комуникацијата беше страствена и рамноправна, нашата средба ја нареков разговор, а не интервју.

Книгата The other side of desire е поделена на четири дела. Првиот се однесува на приказната за Џејкоб, еден човек кој толку силно ги фетишизира стапалата што едвај може нормално да функционира. Во вториот дел се запознаваме со Баронката, садист со работилница полна со робови и подредени кои од Њујорк ја водат нејзината компанија за дизајн на облека од латекс. Додека многу жени се впуштаат во садомазохизам во приватниот живот или како сексуални работнички, Даниел истакнува дека истражувањата покажуваат дека вистинскиот женски садист, поточно, жената која физички се возбудува од нанесување болка, се среќава многу ретко. Во еден многу мачен момент Баронката пече маж на ражен, со негова дозвола, сè додека на кожата нe му се појават меури. Третиот и, можеби, најконтроверзен дел опишува педофил кој ја злоставувал посвоената ќерка. Даниел истакнува дека според едно истражување, 20% од возрасните мажи чувствуваат привлечност кон децата. Педофилите се разликуваат од останатите по тоа што ги задоволуваат своите желби. Четвртиот дел изненадува и сигурно влева најмногу оптимизам, а се однесува на Рон и Лаура. Рон е „обожавател“ на лица со ампутирани екстремитети, односно, ги фетишизира ампутираните делови од телото. Лаура ги изгубила нозете во трагична несреќа, а потоа и’ се распаднал и бракот. Рон и Лаура биле несреќни – Лаура не верувала дека некој би можел да ја сака таква, а Рон мислел дека никогаш нема да може да оствари трајна врска. Но тие се нашле еден со друг и се усреќиле прифаќајќи го она што другите би го осудиле.

Ќе започнам со нешто малку необично. Во 2006 г., за време на војната на Израел со Либан, бев во Газа, Израел и Палестина. Често ми велеа дека не знам за што зборувам бидејќи не живеам таму. Но со текот на времето почнав да чувствувам дека знам повеќе од нив бидејќи на судирот можев да му пристапам од растојание и да го сфатам поширокиот контекст. Станав голем поддржувач на посредувањето на третата страна во решавањето на судирите. Затоа вашата книга ми беше исклучително интересна бидејќи кон тие екстремни желби пристапувате од позиција на аутсајдер, губитник. Се прашувам со какви предизвици сте се сретнале и кои се предностите и недостатоците на таквиот пристап.

Не би рекол дека знам повеќе од луѓето кои го живеат таквиот живот, но се надевам дека моето знаење е поинакво и дека на темата и’ приоѓам главно интимно. Мислам дека тоа што навистина сакав да ги разберам луѓето на кои не им припаѓам ме мотивираше да продолжувам да ги прашувам и да ги слушам како личност чија сексуалност можеби не е толку алтернативна. Мојата желба за знаење на книгата и’ дава еротска длабочина.

Многу книги за сексот го промовираат она за кое пишуваат. Вие заземате одредени ставови за темата, ама не пречесто. Се чини дека главно само се обидувате да им расветлите на читателите.

Мислам дека сте во право. Токму неодамна бев во садо-мазо музеј, каде ме интервјуираше заговорничката за садомазохизам. И таа ме праша истото, иако можеби од поинаква перспектива. Книгата и’ се допадна, но забележа недостаток на поддршка и посака да сум се залагал повеќе за нив. Но мене навистина ми е тешко да ги правам обете нешта: книгата може да биде или политичка или може да делува како роман, да биде лична и да му го пренесе на читателот длабокото и сложено искуство. Како писател, мене ми е битен вториот пристап. Мислам дека поддршката е вклучена во книгата бидејќи тие личности не ги гледам само како единствени човечки суштества, туку нивната борба ја сметам за симболична за сите еротски авантури. Не би напишал книга ако мислам дека тие луѓе едноставно се поинакви. Мислам дека тие го живеат поекстремниот облик на животот кој сите го живееме.

Многу ми е интересна перспективата на аутсајдер, губитник. Иако како припадник на садомазохистичката заедница понекогаш не се согласувам со неа. Не го промовирам садомазохизмот. Верувам дека морате да се прифатите онакви какви сте, но мислам дека никој свесно не би го избрал тој тип на желба. Сметам дека тие се пречка, но ги прифаќам бидејќи се тука.

Интересно. Кога почнав да влегувам во светот на Баронката, разговарав со луѓе кои би се согласиле со вас. Но постојат и други, како луѓето што ќе ги наречам Бен и Елиза. Велат дека никогаш не би се одрекле од тоа бидејќи им дава длабочина на нивните животи.

Но тие можеле да уживаат и во нормалниот, „досадниот“ секс, како што би го нарекле некои. Со врзување и садомазохизам го збогатиле својот живот. Но на Џејкоб, Баронката, па и мене, ни е поинаку бидејќи тоа ни е потребно. Како што наведувате во книгата, многу малку жени се вистински садисти. Ако тоа преовладува во целиот ваш сексуален живот, тогаш изборот на партнери е изразено ограничен. Мислам дека веќе излегов со сите потенцијални партнерки во Сан Франциско. Секако, би било иделано да нè привлекуваат луѓе од најдостапните групи, луѓе кои инаку не ги сметаме за привлечни. Мислам дека тоа што морате да најдете некој со необична желба е слично на нашата голема пречка да постигнеме интимност.

Дали недостатокот на достапни партнери е пречка? Или мислите дека желбата е пречка за интимност?

Уф, не требаше да почнам за тоа. Постојат две причини. Едната е недостаток на партнери. А втората, за која говорите во The other side of desire, е дека постои ниво на еротичноста кое повеќето луѓе не го разбираат. Секогаш повторувам дека врската со домино е како врска со наркоман – би можеле да појдете во кино, ама нема да го направите тоа. Ќе останете дома и ќе се дрогирате. На крајот тоа сосем ќе ве обземе и, бидејќи е извор на екстаза, навистина може да се претвори во пречка за нормален живот. Пример за тоа е Џејкоб, вашиот прв протагонист, кој желбата за женски стапала толку го опседнала што воопшто не можел да функционира.

Тоа ме натера на размислување за секакви работи. на пример, во античка Грција идеал било одвојување на сексуалноста од бракот за таа да не влијае на односите со децата. Но кога зборуваме за екстремна екстаза, што на некој начин се провлекува низ мојата книга, мислите ли дека тоа произлегува од нешто што психички е вкоренето во луѓето или таа е производ на нивото на ранливост кое може да се постигне?

Интересно. Па, не се работи само за камшикувањето или ударите. Ниту само во ендорфинот. Додека уживам во садомазохимзот, постигнувам состојба слично на детска, а видов дека тоа им се случува и на другите. Така што, кога сте длабоко во она што се нарекува „потпростор“, станувате слични на дете. Не уживам во тоа кога некој само ќе ме удри. Никој не сака кога ќе си го удри ножниот палец. Но кога ќе ме врзат и ќе ми стават превез врз очите, и кога се наоѓам длабоко во потпросторот, копнеам по болка, а инаку не е така. Никогаш не сум имал поинакви желби. Мислам дека причината е психичка. Тоа е условено.

Нешто од ова што го опишувате ме потсетува на изразот „абјективно“, кој го користев во книгата. Станува збор за отфрлање на идентитетот во многу интензивното сексуално искуство, за укинување на границите. Теоретичарката по психоанализа Јулија Кристевa говори за абјективноста како губење на границата меѓу себе и другиот со што се постигнува инфатилна состојба. Тоа е многу интересна замисла. Токму тоа е состојбата која сакаме да ја постигнеме со сексот.

Од друга страна, на почетокот на книгата Џејкоб не го прифаќа своето фетишизирање на стапалата и поради тоа зема лекови, но тие имаат несакани ефекти и ја уништуваат неговата сексуалност. Не можев да го сфатам тоа. Посебно бидејќи се работи за фетиш на стапалата кој не е толку тешко да го задоволиш.

Сакам таа приказна да го постигне она чувство кај читателот кое само што го опишавте. Повремено излегував од улогата на новинар и му велев на Џејкоб: „Толку ли страшно би било да го поделиш тоа со сопругата и да ја вклучиш во вашиот сексуален живот?“. Беше ужаснат. Доста добро го познавам неговиот лекар, доктор Берлин. Неговиот пристап кон сексуалноста е многу храбар и страствен, но понекогаш посакувам тој поинаку да го лекуваше Џејкоб. Барем да се обидеше да го отстрани срамот наместо да ја послуша желбата на Џејкоб и да му го уништи либидото. Трагично е тоа што Џејкоб своите еротски желби никако не може да ги вклучи во секојдневниот живот.

Тоа е најтажната приказна во книгата.

Така е. Остатокот од книгата на некој начин се обидува да ги реши проблемите кои ги отвора таа приказна. Она што главно не ни поаѓа од рака да ја вклучиме таа силна, возбудлива и заканувачка сила во животот ме инспирираше да ја напишам книгата. На Џејкоб тоа не му поаѓа од рака. Премногу е исплашен и полн со срам.

Да скокнеме до третиот дел, оној за злоставувањето деца. Рој ви рекол дека е педофил и дека ја злоставувал посвоената ќерка, но премолчел многу работи и постојано сте го фаќале во ситни лаги, па ми се причини дека тој претставува закана за децата.

Да се позанимаваме малку со фактите. Тоа бил првиот пат кога сторил такво нешто, а злоделото не го повторил; јас повремено проверувам како е. Дел од личноста на Рој морал да го засолни и да го намали она што го сторил поради самиот себе и сликата која јас би ја имал за него.

Со него и тераписката група поминав една и пол година. Навистина многу се преиспитуваше. Навистина сакаше да знае што се случило. Не го криеше она што можеше да биде осудувачко за него. Дали и понатаму размислува за жртвата и дали тие еротски слики и понатаму се дел од неговиот живот. Поради таквата искреност му верував. Вистина, ме лажеше колку години имала жртвата и призна дека имала 12 дури откако му се спротивставив. Но сепак ми се чинеше дека ми се отвори.

Во тој дел опишувате два пристапа. Додека едниот психијатар се обидува да ја уништи желбата на пациентот, другиот го советува да ја прифати својата сексуалност.

Не би рекол. Патрик Литл, водачот на тераписката група на која и’ припаѓа Рој, е многу внимателен, па дури и се плаши од анархичниот апсект на желбата. Не сака неговите пациенти да гледаат порнографски материјали, дури ни со возрасни луѓе, бидејќи смета дека сексот е заканувачка сила која може да донесе хаос во животот. Од друга страна, Пол Федероф има многу поопуштен став кон сексуалноста, па им дозволува на пациентите да гледаат порнографија во која се појавуваат возрасни. Смета дека постои начин да се создадат нови желби. Многумина сметаат дека сексуалните модели се обликуваат рано и дека никогаш не се менуваат. Но Федероф цврсто верува дека нашите желби можат да се менуваат многу полесно отколку што си мислиме.

Мислам дека е јасно дека сексуалноста се менува, но мислам и дека постои одредена рамка во која се случува тоа. Своевремено подготвував луѓе за полагање тестови по логика за прием на правните факултети и успевавме да го кренеме резултатот за можеби 7%. Сепак, тоа беше максимумот. Не верувам дека можете да ја промените личноста која ја привлекуваат деца.

Мислам дека Федероф не би одел толку далеку. Тој има многу суптилно разработен став. Мислам дека попрво би ја поттикнал кај човек дополнителната привлечност кон возрасните која би била доволно силна да ја задоволи таа личност. Мислам дека не би рекол дека привлечноста кон децата може целосно да се отстрани. Но и тоа е можеби понапредно од ставот на вас останатите. Многумина исто така би приговориле дека нема доволоно аргументи за неговото мислење. Но неодамна го сретнав и знам дека верува дека е во право. Се разбира, пропишува лекови кои го ослабуваат либидото за да ја олесни таа преобразба и градба на новиот Ерос.

Грег Лејни, која ја споменав во првиот дел, еднаш ми рече дека лечела пациент кој практикувал садомазохизам и сакал да ја намали зависноста од него. Опишува како истиот пациент ментално го вратил во минатото сè до периодот кога бил злоставувавн како дете, што пациентот го сметал за причина за својата мазохистичка сексуалност. Според Лејни, која е многу внимателна и не е склона кон фалење на своите успеси, терапијата била барем делумно успешна.

Проблемот е тоа што не можеме самите себе си да си бидеме контролна група. Морате да се прифатите онакви какви сте за еден ден да не се разбудите сфаќајќи дека сте ги пропуштиле животните можности и сте си ја ускратиле среќата, занемарувајќи ги желбите. Во последниот дел, од една страна го имаме Рон и другите „обожаватели“, како и нивната привлечност која ја чувствуваат кон луѓето без екстремитети. Од друга страна, постојат луѓе без екстремитети на кои им е овозможено некој да ги чувствува како привлечни. Но тие се многу сомничави кон оние на кои им се привлечни бидејќи им се чини дека се фетишизирани. А вие истакнувате дека русокосите не би го помислиле тоа. Не би помислиле: „Овој маж го привлекуваат само русокоси, тој не ме сака поради мојата посебност“. Но тој сомнеж се јавува кога се работи за личност со ампутирани екстремитети.

Може многу да се каже за оваа тема. Како прво, интензивно размислував за односот меѓу желбата и љубовта, физичкото и трансцедентното и духовното. Kога ќе помислам на Рон и Лаура... на сите нам желбата ни е дел од љубовта. Но ако уживаме во обичниот секс, тогаш тоа делумно го занемаруваме бидејќи физичката привлечност што ја чувствуваме е прикриена или замаглена, или на некој начин помалку упадлива зашто е заедничка за мнозинството луѓе. Но таа сепак е нужен предуслов за љубовта. Кога ќе помислите на Рон или Лаура, нивната физичка привлечност е толку необична што го осветлува тој аспект поради кој на луѓето им е непријатно. Се разбира, еден дел од нас би сакал љубовта да не е вкоренета во физичкото, љубовта да биде безусловна, да „биде чиста“, како што се изрази еден читател. Не сум сигурен дали љубовта е чиста во таа смисла. Иако, според мене, тоа не може да и’ ја одземе вредноста. Едноставно, љубовта е поврзана со желбата и физичкиот, телесен свет.

Со одвојувањето на физичкото од духовното ја изневеруваме нашата човечност. Мислам дека Лаура го сфаќа тоа. Понекогаш ја измачува и споделивме неколку трогателни моменти додека се прашуваше дали некогаш би можела да има „нормален маж“. Знаеше дека не смее да размислува така и дека разликата меѓу привлечноста која Рон ја чувствува кон лицата без екстремитети и привлечноста која дваесетина мажи, кои би можела да ги сретне сега, би ја чувствувале кон жените со руса коса или големи гради е многу мала или никаква. Лаура беше свесна за тоа, но и’ беше тешко да се совлада и целосно да ја прифати привлечноста која Рон ја чувствува кон неа.

Мислам дека во заедницата на личности со ампутирани екстремитети силно се расправа за тоа како да се постават кон обожавателите на лица без екстремитети како што е Рон. Некои ги сметаат за закана и мислат дека секако треба да ги избегнуваат. Некои се бесни што хирурзите и психијатрите не им кажуваат на луѓето на кои им ги ампутираат рацете или нозете дека постои таква заедница. Лаура и јас сметаме дека со тоа се открива нелагодноста поради физичката различност. Кога ќе ви ја ампутираат раката или ногата, ве советуваат да го сокриете тоа, да носите протези кои не се секогаш премногу функционални. А зошто? За да се чувствувате пријатно. За да не морате да се соочите со тоа дека немате нозе. Приказната за Рон и Лаура отвора бесконечна низа прашања за љубовта и привлечноста. Се надевам дека оваа приказна и’ дава среќен крај на книгата. Рон и Лаура се надополнуваат. Тој стана уметнички фотограф, а таа советничка за психички болни, што отсекогаш сакала. Се чувствував неверојатно среќен што налетав на таа приказна. На крајот од желбата, пронајдов љубов.

Слики: Saiman Chow


Извор: therumpus.net

ОкоБоли главаВицФото