Окупирање на УКИМ!

12.02.15 14:59

Вчера (11 февруари, среда), опремени со ранци и вреќи за спиење, студентите од организацијата Студентски пленум се собраа пред платото на УКИМ на седмиот студентски пленум, барајќи универзитетот да им биде вратен и прогласувајќи го за слободна автономна зона. Окупацијата беше прогласена на Филозофскиот факутлтет, но собраните студенти продолжија да маршираат и низ зградите на Економскиот и Правниот факултет, ширејќи ја својата порака насекаде низ универзитетскиот комплекс.

Студентите бараа да биде потпишан договор помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование со кој ќе се гарантира учеството на Студентскиот пленим во создавањето на новиот Закон за високо образование.

Окупацијата доаѓа откако претставниците на Пленумот беа итно викнати од премиерот Груевски на состанок во владата, каде беа ифнормирани дека контроверзниот закон ќе биде одложен, а ќе бидат направени некакви промени. На тоа Пленумот одговори: дебатата за законот треба да се одвива на универзитетот, не во владата.

Окупацијата е придружена и со бојкот на наставата на техничките факултети, а Пленумот ги окупираше и предавалните и амфитеатрите, воведувајќи своја, алтернтаивна програма и организирајќи предавања со Професорскиот пленум. Студентите поставија шатори и ги повикаа граѓаните да им помогнат со ќебиња, храна и средства за лична хигиена. Пленумот побара да се почитуваат етичките кодекси академското однесување за време на окупацијата.

Студентите од Битола исто така најавија дека ќе се придружат на оваа акција.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото