Зошто молчи архиепископот Стефан?

19.12.2016 01:46
Зошто молчи архиепископот Стефан?

Не можам да разберам зошто молчи Архиепископот на МПЦ, господин Стефан, додека ни се случуваат овие лудости во земјава?!

Зошто само немо гледа и слуша како некои посакуваат војна во земјава со навредите кон Албанците, како некој посакува и внатремакедонска војна со повикување на убиства и линч, кога се слави со мртовечки крстови, кога беснее гнасната црна омраза и закана за насилства и крвопролевање?!

Па зарем тој е никој и ништо во земјава?! Се ближи Божиќ и тогаш Стефан ќе излезе со помпезни пораки за мир во земјата и светот, но зошто молчи сега кога народот е пред воен конфликт секој со секого?!

Како може мирно да си седи и да гледа што прават апашите од ДПМНЕ?! Тоа за мене е неразбирливо!

Знам дека не треба од него да очекуваме да фати политичка страна, но веројатно, особено кај него, има црвени линии за тоа што е дозволиво а што не во јавниот живот и во земјава, и барем може да го искористи својот авторитет за да помогне земјава да се спаси од најлошото...

Досега три пати го сретнав архиепископот овие две три години, и тоа еднаш на коктел, еднаш во кафана и еднаш во трговски центар.

Овој човек изгледа животот го живее како некаков крал кој нема власт, но има само бенефиции во вид на неограничени пари за да живее како бог и го боли курот за тоа што се случува во земјава.

Па добро, што има христијански во ова што го прават демохристијаните?! Зарем не треба тој како архиепископ да излезе со став за тоа што му се спрема на неговото стадо верници?! Или и тој е дел од мафијата?!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња