Спречување на сидата во Зимбабве

01.12.2010 12:03
world-aids-day.jpg

1 декември е меѓународен ден за борба против сидата. Пренесуваме една репортажа за тоа како се работи на превенцијата на пренесувањето на оваа болест во Зимбабве.

Најдобриот пријател на момчето

Британскиот оддел за меѓународен развој ја финансира Фондацијата за заштита од сида Елизабет Глејсер со цел да се намали пренесувањето на болеста од бремените мајки на нивните бебиња. Програмата на ХИВ позитивните бремени жени им обезбедува антивирусна терапија за време на бременоста и после раѓањето. Сега петгодишниот Џозеф е ХИВ негативен затоа што неговата мајка Пејшнс, која има ХИВ, ја користела терапијата за време на бременоста.

Трпението е доблест

„Кога бев бремена, се тестирав за ХИВ и тестот беше позитивен“, вели Пејшнс. „Советникот ме запозна со групата за поддршка на ХИВ позитивни мајки кои ми помогнаа да ја разберам болеста. Бев благословена со ХИВ негативен син, но маж ми почина. Се грижам за моето семејство произведувајќи свеќи.“

Клиф

Клиф, 15 (во црвениот џемпер) ја изгубил својата мајка додека бил мал. Неговата баба и дедо, Никола и Рита, во своите седумдесетти години, се грижат за Клиф и за шест други деца. „Шест од нашите синови и една од нашите ќерки умре од сида. Како е тоа можно? Нашиот внук Клиф исто така е ХИВ позитивен, но медицинските лица навреме го увидоа тоа и сега тој добива антивирусна терапија.“

Модерни времиња

ХИВ позитивните бремени жени можат да имаа повеќе компликации при раѓањето, што може да води и до смрт. Во минатото, жените беа присилувани да се породат дома, но сега британската влада помага да се изградат посебни засолништа за раѓање, каде жените можат да се породат во сигурна околина со обучуван медицински кадар.

Одење во засолниште

Трифинити, 20, се подготвува да се породи во засолниште. „Своето прво дете Сесилија го родив дома зашто живеам три часа со автомобил од болницата и не знаев многу за засолништата. Многу сум посреќна што ќе бидам во засолништето кога ќе го родам следното дете.“

Игра на чекање

„Брзите“ ХИВ тестови траат само 10 минути. На оние кои ќе бидат позитивни на тестовите, советниците им помагаат да се соочат со својата дијагноза и да ги запишат на програма за лекување со антивирусна терапија. Долгорочната британска помош за заштита од сида во Зимбабве и’ помогна на земјата да се намали стапката на зараза од 24% кај возрасната популација на почетокот од 2000 година до 14% во 2009.

Одговорниот Чарлс

„Сум направил повеќе тестови отколку што сум имал топли вечери!“, вели болничарот Чарлс Махириџа. „Паровите ги охрабруваме да се тестираат. Најтешко е кога некому треба да му кажеш дека е ХИВ позитивен. На почетокот не веруваат и стануваат нервозни. Советниците се тука за да помогнат, а ние нудиме помош со цел тие да ја разберат својата состојба и да се информираат каде можат да побараат помош потоа.“

Групи за поддршка

Справувањето со дијагнозата може да биде огромен товар за децата и за нивните семејства. Но, психосоцијалните групи за поддршка даваат доверба и сила тие да продолжат со своите животи. Оваа група, водена од обучениот советник и ХИВ позитивната Шејла Параѕа, редовно се среќава.

Пеење, приказни и насмевки

Преку игра, пеење, раскажување приказни и изведување драми, групата за поддршка на децата ги учи вештините потребни за справување со тешкотиите во животот, и каде да побараат помош. Фондацијата Елизабет Глејсер им помага на повеќе од 16.000 ХИВ позитивни деца во Зимбабве да живеат нормален здрав живот.

Светла надеж

Глобално, сега повеќе од пет милиони луѓе имаа пристап до спасоносната антивирусна терапија, а оваа бројка е десет пати поголема од пред пет години. Конечната цел е во иднина да се уништи сидата кај децата.

Скокање за радост

Сервисите за заштита значат дека речиси сите деца можат да бидат родени како ХИВ негативни. Со растечката поддршка и третман, дури и оние кои се ХИВ позитивни можат да пораснат и да живеат исполнет живот.

Извор: Тајм

ОкоБоли главаВицФото