Пливање во лажен базен

10.02.2011 14:03
Пливање во лажен базен

За инсталацијата „Лажен базен“, која ги воодушеви љубителите на уметноста низ светот, заслужен е аргетинскиот уметник Леандро Ерлих, познат и по своите фотографии кои носат нова перцепција на елементите од секојдневниот живот.

Оваа инсталација, која настанала пред 12 години, за првпат беше претставена на изложбата во Центарот за современа уметност P.S.1 во Њујорк. За таа прилика Ерлих изгради вештачки базен, вгради подводни базенски светла, скалила и го украси со дрвени рамки Инсталацијата на прв поглед навистина изгледа како глетка од некој магионичарски трик. Кога стоите над базенот, можете да ги видите луѓето како облечени стојат под површината на водата, без посебна опрема за подводно нуркање, зафатени со меѓусебен разговор. Здогледувајќи го тоа, вие автоматски добивате желба да скокнете во базенот, да запливате или малку да ги брцнете нозете.

Несомнено, станува збор за одличен илузионистички трик, но како и кај секој трик, и зад овој стои многу едноставна приказна. Се работи за тоа илузијата дека просторот е исполнет со вода се постигнува со поставување големи парчиња проѕирно ламинирано стакло над врвот на базенот, а потоа се додава вода која на целата приказна и’ дава реално доживување. Ѕидовите се обоени со посебна боја која го засилува вкупното чувство.

Од 2004 г. оваа инсталација е сместена во постојаната поставка на музејот Уметноста на 21-от век во Каназава, Јапонија.

Извор: leandroerlich.com.ar

ОкоБоли главаВицФото