Друга приказна #8 низ фотографии

04.09.2023 15:25
Друга приказна #8 низ фотографии

 

Друга приказна #8 се одржa од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск, во Скопје. Попреченоста беше главна тема на фестивалот.

На почетокот на фестивалот баше промовирано македонското издание на книгата Мост над бурната река на Далибор Талајиќ (Загреб). За темата на книгата, аутизмот, разговор со Талајиќ водеше Денис Јанкуловски.

Средишна програма во првата вечер беше доделувањето на главната фестивалска награда на писателот (и лице со попреченост) Синиша Туциќ од Нови Сад. Скулптура на Ненад Тонкин му беше подарена на лауреатот, а разговорот со Туциќ го водеше главниот уредник на Друга приказна, Никола Гелевски. Беше прикажан и филм за писателот: Расфрлани пасворди, во режија на Нарцис Алиспахиќ.

Првата фестивалска вечер заврши со концерт на скопскиот флуиден бенд Звук Караџиќ.

Вториот фестивалски ден започна со промоција на списанието Маргина #95, посветено во целина на попреченоста.

Беше промовирана и сликовницата Седум конци на сонцето на Драгана Младеновиќ и Инес Георгиевска; сликовницата има и своја седумминутна анимирана верзија која исто така беше проектирана на платото пред МКЦ.

Со писателката Драгана Младеновиќ од Белград, авторка на текстот на сликовницата, разговараше Фросина Крушкаровска.

Вечерта заврши со програмата Се сеќаваме на Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари - десетина македонски писател(к)и и уметници (Искра Гешоска, Искра Донева, Иван Шопов, Калиа Димитрова, Ѓорѓи Крстевски, Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Чушкова, Стефан Алијевиќ, Давор Стојановски, Наташа Атанасова...) ги читаа омилените страници од Угрешиќ и Албахари, и двајцата лауреати на Друга приказна. Настанот го водеше Живко Грозданоски.

Третиот ден програмата се пресели во културниот центар Бруталиск (старата Точка, на Илинденска 38). Беа претставени три детски книги за попреченост: Јасминка Петровиќ - За копчето и среќата (книгата ја претстави Биљана Црвенковска); Зоран Кардула - Гуш и Бац; и Ирена Поповска - Цветната дружина. Јасминка Петровиќ се обрати преку видео, зборувајќи и за конкретната книга и за книжевноста за деца и за активизмот во книжевноста.

Во дворот на Бруталиск потоа следеше проекција на три филма за попреченост: Марија Апчевска - Беласица; Маја Младеновска - Роза; Тежок андерграунд (Нови Сад). Разговорот со режисерката Маја Младеновска го водеше Васко Маглешев.

Вечерта и фестивалот ја затвори изложбата Гоблени-гребаници на Тома Димовски.

Фотографиите во прилогов се од првиот и третиот ден на фестивалот.

Фестивалот „Друга приказна“ беше поддржан од
Министерството за култура на Република Северна Македонија

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото