Илустрации инспирирани од древна керамика

09.02.24 13:07

Бокали во облик на ѕверови и садови со разновидни необични облици ги сочинуваат најновите илустрации во еклектичната и чудна менажерија на илустраторот Ворха Санчез.

Новата серија илустрации насловена „Древна керамика” црпи инспирација од широк спектар на камени урни, садови и статуетки од праисториските култури ширум светот, проткајувајќи ја секоја од нив со карактеристики на животни или митолошки суштества.

Со овие илустрации изработени со молив, мастило и акварел на памучна хартија, уметникот го нагласува изгледот на староста, па затоа се стекнува впечаток како низ целата композиција со текот на времето да се формирала патина.

„Фасциниран сум од едноставните и несовршени, но чисти и слободни форми на древната керамика”, вели Санчез. Во продолжение тој додава:

„Кога почнав да ги проучувам (мојот братучед е археолог специјализиран за керамика, па имав прилика да добијам доста информации) сфатив дека тие носат заедничка суштина без разлика на нивното потекло. Колку се постари, толку е поуниверзален јазикот. Тоа ми беше многу интересно. Затоа решив, користејќи го истиот простор, да направам акумулација”.

Санчез моментално работи на нови парчиња кои се фокусираат на поединечни саксии. Принтовите на овој уметник можат да се најдат во неговата интернет продавница, на неговата веб-страница и на Инстаграм.


Извор: https://www.thisiscolossal.com

Слични содржини

Уметност / Око / Историја
Стрип / Култура / Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Квир / Книжевност / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото