Од промената на пасошите државата ќе инкасира околу 32 милиони евра

27.02.2024 12:13

Според последните податоци сепак има 1 милион и 210 илјади променети пасоши, и околу 1 милион и 100 илјади променети лични карти, како и 540 илјади возачки дозволи. Притоа, според достапните податоци само од замената на личните карти кои се неколкупати поевтини од пасошите, досега државата инкасирала над пет милиони евра. Проценките што беа објавени се дека од промената на пасошите, пак, државата ќе инкасира околу 32 милиони евра. Се разбира, никој не се сети дека државата треба да се откаже од овој непланиран ќар и да ги издава бесплатно документите кои што се менуваат на нејзино барање, а не зашто им истекол рокот. Политичките елити и овојпат, како во случајот со зголемувањето на своите плати за 78 отсто, не мислеа на граѓаните, а во својот егоизам дури и заборавија дека наскоро од истите тие граѓани ќе бараат гласови за да се одржат на власт.

Соња Крамарска, Дојче веле, 14.02.24.

 

ОкоБоли главаВицФото