Газела на негацијата

15.03.2024 22:32

Што не можев да напишам. И нема.
Што не можев да изговорам. И нема.
Што не допрев. И нема.
Ни видел, ни осетил. И нема.
Ни бил загледан, ни зацопан. И нема.
Не љубев, не мразев. И нема.
Ни сонувал, ни замислувал. И нема.
Ни следел, ни демнел од заседа, ни плашел.
Ни очекувал, ни мислел на ништо. И нема.
Ни посакувал, ни си створил. И нема.
Ни одгледувал во светот на фантазијата.
Ни вчера, ни денес, ни кога било.
Ни да заборавам, ни да намалам нема.

Превод: П. В.

Франци Загоричник (Franci Zagoričnik, 1933‒1997) ‒ словенечки поет, есеист и преведувач. Ноавангарден поет што има експериментален, филозофски, контемплативен израз, кој користи игри со зборови, цртежи, загатки, досетки, нонсенси, цитати... Веќе во своите триесетти години станал самостоен културен работник. Во осумдесеттите години на 20 век во Крањ ја основал неоавангардната група Studio Signum, која се занимавала со истражување на конкретната поезија, која станала центар на неговиот поетски интерес. Настапувал на многу перформанси и читања во Словенија и во странство. Во 1978 година ја основал и меѓународната авангардна група Westeast. Загоричник е значаен и како преведувач, критичар и уредник на литературата на југословенските народи.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото