„(Re)Collecting Architecture” - истражувачка работилница на Кристин Венцел

21.03.2024 09:48
„(Re)Collecting Architecture” -  истражувачка работилница на Кристин Венцел

Во сабота, 30 март, во PrivatePrint Studio ќе се одржи работилница насловена „(Re)Collecting Architecture” - меморија, трансформација и идентитет. Таа е замислена како истражувачка работилница на Кристин Венцел, која истражува одржливи пристапи кон културното и архитектонското наследство, (пре)обмислувајќи различни начини на грижа, заштита и зачувување, преку средствата на визуелните уметности.

Оваа работилница цели да ја разгледа повеќеслојната архитектонска заднина на Скопје, преку колективна прошетка низ градот, испитувајќи ја неговата мината и сегашната историја и различните архитектонски изрази. Со користење на основни техники на отиснување и лиење, учесниците заедно со уметницата ќе пренесат отисоци од малечки фрагменти од архитектурата на Скопје, на тој начин, поврзувајќи го личното искуство со колективната меморија.

Работилницата ќе се одржи во сабота, 30 март, од 10 до 18 часот во PrivatePrint Studio (Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4, Карпош), со колективна прошетка низ градот. Бројот на учесници е ограничен на 12, распределени врз основа на тоа кој прв ќе се пријави. Крајниот рок за пријавување е 28 март.

Заинтересираните можат да аплицирате со испраќање порака со своето име, професија и контакт телефон на info@privateprint.mk. Сите учесници ќе добијат детални информации пред почетокот на работилницата.

Резултатите од работилницата ќе бидат изложени во PrivatePrint Studio, прикажувајќи микро-архива на фрагменти од градот, репродуцирани во гипс, налик на мала база на податоци за колективниот идентитет, но и искра која може да испровоцира нов пристап кон начинот на мислење на архитектонското наследство.

Кристин Венцел е на уметничка резиденција во PrivatePrint Studio од 15 март до 8 април. Нејзиниот престој е поддржан од Гете институт Скопје.

Повеќе информации за работилницата прочитајте на линкот.

Извор: https://privateprint.mk

ОкоБоли главаВицФото