Откупување

22.04.2024 20:30

Човек откупува шест-седум нелетачки кафезно одгледани,
ги храни со зелениште, создава услови, им овозможува
движење и пристап до вода
и сега тие нелетачки, чиишто нозе биле за јадење, не за одење,
стојат неподвижно, како земјата
под нив да ќе се отвори,
или во најдобар случај тешко шлапаат како прва генерација
роботи-за-дружба, кои се способни во секунда
да состават еп во должина на Махабхарата, значи
не можат без спрепнување да поминат
од клозетот до креветот;
и сега од тие нелетачки зависи иднината
на човештвото.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото