Еден филм на комичарот Чаплин

02.05.2024 09:34

Во некое бистро на Булеварот Сен Мишел
Дождлива есенска вечер влезе млад сликар,
Испи четири-пет од зеленине ракиички и им раскажа
На мргодните билијаристи за потресната средба
Со некогашната своја љубена, едно нежно суштество,
Сега жена на богат месар.
„Брзо, господа“, преколнувајќи рече, „молам од кредата
Што ја употребувате за таковите!“ и клекнат на подот
Се обидуваше со треперливата рака да ја исцрта нејзината слика,
Нејзе, љубената од одвеаните дни, очајнички
Бришејќи го нацртаното, одново започнувајќи,
Повторно застанувајќи, други некои црти
Мешајќи и мрморејќи: „Сè до вчера ја знаев“.
Од него пцуејќи се сопкаа гостите, а крчмарот разлутен
Го дофати за јаката и го исфрли, но тој и на плочникот,
Сè одмавнувајќи со главата, неуморно мавташе со кредата
Црти што се расплинуваат.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото